Freedom Prize – награда за борците за мир и слобода

Freedom Prize – награда за борците за мир и слобода
Posted: јул. 25, 2018

За време на Меѓународниот форум „Нормандија за мир“ кој се оджа во јуни 2018 година во Каен беше претставена наградата насловена Freedom Prize која претставува соевиден образовен метод за промоција на мир, слобода и човекови права.

 

Наградата Freedom Prize оддава почит на сите кои се бореле и продолжуваат да се борат за идеалот на универзална слобода. Оваа награда е создадена од страна на Регионот Нормандија во соработка со академските кадри во Нормандија, мрежата „Canopé Normandie“ и Меѓународниот институт за човекови права и мир.

Freedom Prize ги ангажира младите од целиот свет да предложат секоја година една личност или асоцијација која се бори за слобода. Наградата е инспирирана од жртвата на сите борци кои се истовариле на плажите на Нормандија на 6 јуни 1944... 17 нации бил ангажирани во операцијата „Оверлорд“ за да го отворат „Патот кон слободата“ по кој поминале приближно 3 милиони борци, Истоварувањето на силите на Алијансата нè потсетува дека слободата е универзален идеал кон кој треба сите да се стремиме.  

Денес, бројни ситуации низ светот се показател дека слободата и мирот се кревки и е тешко да се одржат. Наградата Freedom Prize цели кон тоа да ја подигне свеста за овие случувања како и да ја запознае пошироката публика со личностите и асоцијациите кои се заложуваат секојдневно за слобода.

Freedom Prize е отворен за учество на млади од 15 до 25 години од сите земји во светот. Концептот на наградата се одвива во три етапи, младите ќе учествуваат во целокупниот процес.

Трите етапи од процесот Freedom Prize се следните:

  1. Повик за кандидатура на индивидуални личности или асоцијации: од 6 јуни 2018 година до 15 јануари 2019 година
  2. Жири за селекција на три финалисти: 8 и 9 февруари 2019 година
  3. Онлајн гласање за избор на Freedom Prize Добитникот: од 27 до 31 март  2019 година

Кога ќе биде избран добитникот на наградата ќе биде организирана Freedom Prize манифестацијата која ќе се одржи во Нормандија во јуни 2019 година.

Повикот за понесување кандидатура на индивидуални личности или асоцијации е отворен од 6 јуни 2018 година до 15 јануари 2019 година. За како да аплицирате на повикот погледнете ги документите прикачени подолу или пак посетете ја интернет страницата на Freedom Prize.

Print
Tags:

Documents to download

Name:
Email:
Subject:
Message:
x