Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА

Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА е организација посветена на промоцијата на доброто владеење и граѓанското учество на локално ниво. АЛДА се фокусира особено на активностите кои ја олеснуваат соработката помеѓу локалните власти и граѓанското општество. АЛДА Скопје е подружница на АЛДА која спроведува активности во Македонија, Западен Балкан и во Европа особено фокусирани на добро владеење, децентрализација, граѓанско учество и европска интеграција. АЛДА Скопје ја координира програмата за децентрализирана соработка помеѓу партнерите од Нормандија и Македонија од 2006 година.

За повеќе информации посетете ја интернет страницата на АЛДА.

Употреба на името „Република Македонија“
Од нејзиното осамостојување во 1991 година, во македонскиот устав е запишано името „Република Македонија“. Сепак, поради признавањето од страна на меѓународните организации и нејзините земји членки, државата се согласи да го користи името „Поранешна Југословенска Република Македонија“, а токму под тоа име, Франција ја призна Македонија како држава.
На оваа интернет страница, поради јазично олеснување, „Поранешната Југословенска Република Македонија“ се нарекува само „Република Македонија“ или „Македонија“. Тоа не означува никаков политички став на Република Франција и на регионот Нормандија кон Македонија.