АВАНТУРАТА НА МЛАДИТЕ РЕПОРТЕРИ ВО РЕГИОН ОВЕРЊ-РОН-АЛП

АВАНТУРАТА НА МЛАДИТЕ РЕПОРТЕРИ ВО РЕГИОН ОВЕРЊ-РОН-АЛП
Posted: дек. 3, 2018
Categories: Млади

Асоцијацијата „По стапките на Албер Лондр“ го заврши својот петти патувачки семинар за истражувачко новинарство „По стапките на Албер Лондр“ кој се одвиваше од 10 до 25 ноември 2018 година. Оваа едиција на семинарот за истражувачко новинарство вклучи млади од Балканот, и Јужно-Источна Европа на тема: „Природното, културното, гастрономското, инсториското и индустриското наследство: поттик за развојот на териториите!“.

Младите новинари подготвија пишани репортажи, фоторепортажи, радио и аудиовизелни репортажи за богатато културно наследство на овој регион. Патувачкиот семинар се одвиваше од Лион преку Тиер, Лапалис, Мулен сè до Виши и младите учесници го докуменитраа нивниот пат преку разноврсни средби и истражување на градовите. Младите беа придружени од страна на професионалци во областа на новинарството, документарниот филм и друго кои ги фасилитираа нивните репортажи од технички и професионален аспект.

Пишаните репортажи можете да ги прочитате на интернет страницата на „По стапките на Албер Лондр“.

 Дел од видео репортажите може да ги погледнете на врските подолу (Тиер, Лион и Виши) изработени од млади репортери од Албанија, Хрватска и Косово.

Кафе на Федерациите, Лион

Гастрономијата во Тиер: пренесување на традицијата

Поделените градини во Тиер

Операта во Виши: Фотомонтажа

На патот на свилата

Дополнително ќе се подготви илустрирана публикација од пишаните репортажи и ДВД со видео репортажите.

Асоцијацијата Албер Лондр го организира патувачкиот семинар за истражувачко новинарство веќе 5 години. Семинарот е организиран во рамките на програмата за мултилатерална соработка Франција/Балкан, во партнерство со Пеји Виши Оверњ и АЛДА.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x