Изложба на фотографии „1918/2018 Рефотографирање“

Изложба на фотографии „1918/2018 Рефотографирање“

Изложбата на фотографии со наслов „1918/2018 Рефотографирање“ на авторот Роберт Јанкулоски беше отворена на 30 ноември 2018 година во галеријата на НУ Завод и Музеј Битола. Изложбата содржи 32 фотографии на Јанкулоски како и 18 фотографии на: Јанаки Манаки, Милтон Манаки, Зафир Ошавков и Кирил Миноски. Изложбата е инспирарана од сеќавањето на Првата светска војна преку фотографијата како медиум. 

Проектот „1918/2018 Рефотографирање“ започна во јануари 2018 година инспириран од фотографиите на браќата Манаки беа спроведени истражувања со цел да се лоцираат местата од фотографиите и да се направат нови фотографии за да се направи парлела од тоа време до денес. За време на патувањата низ Македонија, како и во Бугарија и Србија нови фотографски дела беа изработени. 50 фотографски дела произлегоа од овој проект како и каталог за презентација. Изложбата можете да ја посетите до 15 декември 2018 година. 

Проектот е спроведен од страна на Македонски центар за фотографија во соработка со Државен архив на Република Македонија - одделение Битола и НУ Завод и Музеј Битола и е поддржан во рамки на  програмата за соработка помеѓу Нормандија и Македонија.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x