Конференција „Социо-културни аспекти на Првата светска војна“ во Битола

Конференција „Социо-културни аспекти на Првата светска војна“ во Битола
Posted: дек. 18, 2018

На 13 и 14 декември 2018 година се одржа Конференцијата „Социо-културни аспекти на Првата светска војна“ во Битола организаирана од страна на НУ „Завод и Музеј“ Битола и здружението „Љубојно“.

Конференцијата беше од мултидисциплинарен карактер со разновидни панелисти, научници, истражувачи, куратори на музеи, студенти од Факултетот за историја, етнологија и археологија и други. Целта беше да се подигне свеста и знаењето за локалното цивилно население кое живеело на линијата на фронтот за време на Првата светска војна. Темите на дискусија беа: Местото и улогата на жената во Првата светска војна; Музеите и Првата светска војна; Литература и култура; Материјалните остатоци од Првата светска војна и можноста за развој на меморијален туризам.

Разноврсните теми и панелисти привлекоа голема публика и поттикнаа интересни и релевантни дискусии.

Оваа конференција беше организирана во рамки на проектот „Сеќавање на Прва светска војна во Македонија“ поддржан од страна на Регионот Нормандија. 

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x