Месецот на Франкофонијата одбележан во Новаци

Месецот на Франкофонијата одбележан во Новаци
Posted: апр. 2, 2018

Општината Новаци го одбележа месецот на Франкофонијата преку голем број активности посветени на учениците како и на пошироката публика.

Со цел да го одбележи месецот на Франкофонијата учениците од основното училиште „Славко Љумбарковски“ учествуваа во активност насловена „Француските шансони и современата француска музика“. Учениците правеа истражување за француската музика од минатото и денес и потоа направија презентација на оваа тема. Учесниците беа многу заинтересирани на оваа тема и ја запознаа француската култура и францускиот јазик преку музиката.

За месецот на Франкофонијата беше организирана и серија работилници на тема Прва и Втора светска војна и улогата на Франција и Македонија во воените конфликти.

Овие активности се одвиваат во рамки на соработката помеѓу Новаци и Коломбел.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x