Научна конференција по повод сто години од Версајски договор

Научна конференција по повод сто години од Версајски договор
Posted: мај 21, 2019

На 16 мај 2019, Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во соработка со Правниот факултет во Битола при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола и Амбасадата на Германија, организираа голема научна конференција посветена на стогодишнината од потпишувањето на Версајскиот договор.

Научната конференција,  поддржана од страна на соработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија, започна со обраќањата на Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, и г-дин Сашо Коруноски, Ректор на Универзитетот во Битола. Учесниците на конференцијата имаа можност да ги проследат обраќањата на експерти од Албанија, Србија, Франција, Германија како и од Северна Македонија. 

Целта на овој настан беше да се дискутираат последиците од Версајскиот договор врз денешна Европа, неговите различни апекти, со посебен акцент на исцртувањето на границите во регионот. 

На настанот беа и поканети учениците од двојазичните паралелки од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, чии изработки на тема Прва Светска војна беа изложени во салата.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x