Споменик на Првата светска војна во Новаци

Споменик на Првата светска војна во Новаци
Posted: дек. 4, 2018

На 29 ноември 2018 година, Општина Новаци одбележа 100 години од крајот на Првата светска војна, во село Брод, Новаци, каде свечено беше откриен споменикот посветен на војниците и цивилите кои биле жртви на фронтот во Македонија. 

Споменикот беше откриен од страна на градоначалникот на Општина Новаци, г. Љубе Кузманоски, Амбасадорот на Франција во Македонија, Н.Е. г. Кристиан Тимоние, конзул во Генералниот конзулат на Бугарија во Битола, г. Димитар Иванов и Помошник воено аташе на Русија во Македонија, г. Андреј Мјасников. 

Амбасадори, воени атешеа, конзули, градоначалници и голем број на гости го одбележаа примирјето од 11 ноември 1918 година и им оддадоа почит на сите загинати војници и цивили од Првата светска војна положувајќи свежо цвеќе на спомен обележјето. 

Н.Е. г. Кристиан Тимоние, за време на својот говор, го нагласи позитивниот пример на Македонија во насока на мир и помирување со своите соседи и изјави дека на Европа и е потребен ваков пример. 

Градоначалникот на Општина Новаци истакна дека споменикот е поставен во сеќавање на изгубените животи и претставува потсетник дека иднината ќе се гради во мир. 

Комеморативниот споменик е инспириран од оној кој е поставен во Коломбел. Општината Новаци и градот Коломбел соработуваат од 2016 година во рамки на децентрализираната соработка помеѓу партнерите од Нормандија и Македонија

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x