Успешно завршен регионалниот форум „Сеќавање и меѓукултурен дијалог“

Успешно завршен регионалниот форум „Сеќавање и меѓукултурен дијалог“
Posted: дек. 23, 2020

Регионалниот форум насловен „Сеќавање и меѓукултурен дијалог“ се одржа на 21 и 22 декември 2020 година. Дводневниот настан беше виртуелно организиран со што се овозможи поголемо регионално присуство. Сите сесии и презентации беа директно пренесувани на фејсбук страницата и беше опфатена поширока публика.

Програмата на настанот вклучи голем број на регионални и меѓународни експерти од граѓански организации, универзитетски професори и истражувачи, културни и образовни институции и бизнис заедницата. Целта на форумот беше да се поттикне регионалната соработка со фокус на прашањето за сеќавање и меѓукултурен дијалог во земјите од Западен Балкан преку дискусија за нова перспектива на постоечкиот заеднички наратив.

8 панел дискусии и интерактивни работилници вклучија 40 говорители и околу 50 учесници од 14 земји. Повеќе од 720 минути видео содржина од секоја сесија се достапни на фејсбук страницата.

Настанот опфати различни теми, како што се европска интеграцијата како вектор на мирот и помирувањето, мултикултурниот дијалог и „балканската рута“ на миграции, улогата на новиот дигитален свет, справување со минатото преку раскажување приказни, културно наследство и меморијалниот туризам како потенцијал за локален развој и културно разбирање, јазична разновидност и борба против дезинформации.

Виртуелниот настан беше организиран во соработка со Балканската мрежа за локална демократија - БНЛД, и финансиски поддржан од програмата Нормандија за мирот,  Централно европската иницијатива, Фондот за Западен Балкан и Европската комисија во рамките на проектот Регионален договор за млади за Европа.

 

 

 

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x