Rude Awakening: Северна Македонија е подготвена за игра

Rude Awakening: Северна Македонија е подготвена за игра
Posted: септ. 28, 2021


Македонците се подготвија за играње за време на промоцијата на видео играта Rude Awakening во Битола. На 15 септември 2021 година, Македонскиот центар за фотографија организираше мултимедијален промотивен настан во салата на Кино Манаки во историскиот центар на Битола каде ја споделија оваа игра посветена на Првата светска војна создадена во рамките на истоимениот проект. 

„Направивме едукативна видеоигра за Првата светска војна без да испукаме ни еден куршум“ како што беше кажано за време на презентацијата, оваа игра пренесува порака за мир, а не за војна. Настанот беше организиран на годишнината на Битката на Добро поле, која го променила текот на Првата светска војна на Балканот и во светот. Датумот симболично беше избран со цел да гледаме во иднината посетувајќи се на минатото. 

Почитувајќи ги заштитните мерки, Кино Манаки беше исполнето со вкупно 45 лица, од кои 30 млади, дополнително претставници на Музејот во Битола, Државниот архив, претставници на невладините организации  кои работат на темата на Првата светска војна и најважно градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. 

По презентацијата на проектот и на играта, младите средношколци беа поделени во групи и имаа можност да ја играта на подготвените компјутери. Иако на почетокот им се чинеше лесна играта, младите имаа потешкотија  да ја завршат што им допринесе кон возбудата. 

Промоцијата го привлече вниманието на многу медиуми како и на повеќе организации и институции. Кино Манаки продолжува да организира сесии за играње на играта со локалните основни и средни училишта и повеќе институции се заинтересирани да ја вклучат играта во нивните програми. 

Од септември 2021 година, играта ќе биде достапна во сите музеи на проектните партнери во Австрија, Словенија и Македонија. Ќе биде достапна на пет јазици: англиски, италијански, француски, германски и македонски, со четири нивоа на играње во времетраење од пет часа. Играта ќе биде достапна на интернет на почетокот од 2022 година.
 

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x