Тема 1 : Сеќавање и помирување

 

Историјата за промоција на мир и создавање заедништво во Европа

Од 2013 година, соработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија работи на темата Сеќавање, мир и помирување на воените конфликти. Оваа тема стана дел од програмата за соработка поради заедничката историја која ја споделуваат двете територии. Француската армија била стационирана на Македонскиот фронт на територијата на сегашна Република Северна Македонија иако тој дел од историјата на Првата светска војна е мошне непознат во Франција како и во Северна Македонија. Македонскиот фронт е централната историска точка која ги поврзува двете земји. Спроведувајќи активности кои го обработуваат овој дел од заедничката историја овозможи да се зацврстат односите помеѓу Франција и Северна Македонија но, и отвори нови перспективи за соработка на темата сеќавање, мир и помирување. За оваа тема од особена важност се размените и дискусиите во областа на образованието кои придонесуваат да се создадат подобри и поодржливи односи помеѓу државите во Европа.

 

Меморијалниот туризам: важен за развојот на двете територии

Во Нормандија, во 2014 година се организираше комеморација од Истоварувањето на сојузничките сили на плажите во Нормандија, се започна исто така и постапка за прогласување на плажите на Истоварувањето како светско културно наследство од страна на УНЕСКО. По Втората светска војна, Нормандија работеше на тоа да развие експертиза во областа на Меморијалниот туризам, по што денес, регионот е меѓународно познат и препознаен по искуството и експертизата во оваа област. Во Северна Македонија, комеморациите на Стогодишнината од Првата светска војна како и постоењето на археолошки остатоци од Македонскиот фронт во јужниот дел од Република Северна Македонија овозможија да се отвори одново темата за историјата на овој конфликт.

Активностите на тема Сеќавање и помирување вклучуваат голем број разновидни партнери и се спроведува на локално ниво, тие имаат за цел да овозможат размени, научни истражувања и да го подобри познавањето за историјата на Македонскиот фронт во Франција и Република Северна Македонија. Oваа тема ќе овозможи и дискусии за европското граѓанство преку колективната историја за подобар соживот во Европа. 

Темата „ Сеќавање и помирување“ опфаќа голем број активности со разновидни партнери, вклучувајќи ги следните главни активности:

 

  1. НОРМАНДИЈА ЗА МИР: СЕЌАВАЊЕ НА ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА И МАКЕДОНСКИОТ ФРОНТ

Регионот Нормандија во соработка со партнерите од Северна Македонија ја продолжуваат четиригодишната соработка на оваа тема со програма која има за цел да ги продолжи активностите и размените спроведени во претходните години: научни конференции, истражувања и размени, вреднување на културното наследство, развој на меморијалниот туризам итн. 

  1. ПРВА СВЕТСКА ВОЈНА: СЕЌАВАЊЕ И ПОМИРУВАЊЕ

Соработката помеѓу Коломбел и Новаци продолжува со своите активности за промовирање на европското граѓанство преку сеќавање и помирување на тема Прва светска војна и Македонскиот фронт. Партнерите се стремат да ги доближат културите на двете земји до локалните заедници и особено до младите преку културни и комеморативни настани.

3. МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ЗА СЕЌАВАЊЕ И МИР

Соработката помеѓу средните училишта „Тома Паске“ од Кутанс и „Јосип Броз Тито“ од Битола се одвива преку размени и студиски посети на тема Сеќавање, мир и помирување како и мултидисциплинарни работилници за заедничката историја и култура која ја споделуваат двете земји особено на тема Прва и Втора светска војна. 

Успешно завршен регионалниот форум „Сеќавање и меѓукултурен дијалог“

Успешно завршен регионалниот форум „Сеќавање и меѓукултурен дијалог“
Posted: дек. 23, 2020
Comments: 0
Author: Alda

Регионалниот форум насловен „Сеќавање и меѓукултурен дијалог“ се одржа на 21 и 22 декември 2020 година. Дводневниот настан беше виртуелно организиран со што се овозможи поголемо регионално присуство. Сите сесии и презентации беа директно пренесувани на фејсбук страницата и беше опфатена поширока публика.

Програмата на настанот вклучи голем број на регионални и меѓународни експерти од граѓански организации, универзитетски професори и истражувачи, културни и образовни институции и бизнис заедницата. Целта на форумот беше да се поттикне регионалната соработка со фокус на прашањето за сеќавање и меѓукултурен дијалог во земјите од Западен Балкан преку дискусија за нова перспектива на постоечкиот заеднички наратив.

8 панел дискусии и интерактивни работилници вклучија 40 говорители и околу 50 учесници од 14 земји. Повеќе од 720 минути видео содржина од секоја сесија се достапни на фејсбук страницата.

Настанот опфати различни теми, како што се европска интеграцијата како вектор на мирот и помирувањето, мултикултурниот дијалог и „балканската рута“ на миграции, улогата на новиот дигитален свет, справување со минатото преку раскажување приказни, културно наследство и меморијалниот туризам како потенцијал за локален развој и културно разбирање, јазична разновидност и борба против дезинформации.

Виртуелниот настан беше организиран во соработка со Балканската мрежа за локална демократија - БНЛД, и финансиски поддржан од програмата Нормандија за мирот,  Централно европската иницијатива, Фондот за Западен Балкан и Европската комисија во рамките на проектот Регионален договор за млади за Европа.

 

 

 

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x