Тема 2 : Локална демократија

Активностите на оваа тема овозможија размени помеѓу партнерите од Северна Македонија и Нормандија за соработката помеѓу локалните власти и граѓанското општество како и помеѓу младите и општините со цел да се поддржи развојот на локалната демократија и активното граѓанство.

 

Активностите на тема Локална демократија опфатија многу различни активности за размена на искуства помеѓу партнерите од Нормандија и Северна Македонија за процесите на децентрализација и соработката помеѓу локалните власти и граѓанското општество.

Активностите на тема Локална демократија се одвиваа од мај 2017 до април 2018 година.

Нова книга за децентрализираната соработка во Европа

Нова книга за децентрализираната соработка во Европа
Posted: јан. 29, 2019

Госпоѓа Валморбида како експерт во областа на децентрализираната соработка изјавува дека Европа може да биде вистински лидер во во оваа област бидејќи го заснова сопствениот развој на локална и регионална автономија. Во своето дело авторката исто така ја претставува и децентрализираната соработка помеѓу партнерите од Нормандија и Македонија како позитивна и иновативна парктика.

Презентацијата на книгата ќе се одржи на 5 февруари 2019 година во центарот за документација на Комитетот на регионите, во Брисел, од 14:30 до 15:30 часот, како дополнителен настан на Форумот на градови и региони за соработка и развој. 
За да се регистрирате, контактирајте го Франческо Пала на francesco.pala@aldaintranet.org најдоцна до 1 февруари 2019 година.

Програмата на Форумот за градови и региони за соработка и развој организиран од страна на Комитетот на региони можете да ја погледнете ОВДЕ на француски и англиски јазик.

Подолу можете да ја погледнете кратка презентација на книгата „Децентрализираната соработка во Европа: поттик за развој и учество на локалните власти и граѓанското општество“  на англиски јазик.

Print
Tags:

Documents to download

Name:
Email:
Subject:
Message:
x