Тема 2 : Локална демократија

Активностите на оваа тема овозможија размени помеѓу партнерите од Северна Македонија и Нормандија за соработката помеѓу локалните власти и граѓанското општество како и помеѓу младите и општините со цел да се поддржи развојот на локалната демократија и активното граѓанство.

 

Активностите на тема Локална демократија опфатија многу различни активности за размена на искуства помеѓу партнерите од Нормандија и Северна Македонија за процесите на децентрализација и соработката помеѓу локалните власти и граѓанското општество.

Активностите на тема Локална демократија се одвиваа од мај 2017 до април 2018 година.

Подготвени сте за нова авантура? Ви ја преставуваме новата интернет алатка на проектот ENLARGE

Подготвени сте за нова авантура? Ви ја преставуваме новата интернет алатка на проектот ENLARGE
Posted: ноем. 19, 2018

ALDA е партнер на проектот ENLARGE, финансиран од Европската истражувачка програма Хоризонт 2020, кој се фокусира на ефективноста, легитимноста и институционалната одржливост на заедничките процеси на полето на одржливата енергија.

Проектот ENLARGE создаде интернет алатка или Gamebook со цел да ги води читателите низ овој партиципативен процес на полето на одржливата енергија. Изборот на сопствената авантура во книгата за оддржлива енергија е хипотетичка, но сепак, се работи за доволно реална приказна за заедницата која се залага за заеднички процеси во одржливата енергија. Kорисниците на оваа алатка ќе можат да донесуваат одлуки размислувајќи за последиците како и да се соочат со предизвиците и непредвидливите настани преку избор на најразлични начини и соодветни стратегии.

Ве покануваме да играте со ENLARGE Gamebook алатката(достапна на англиски, француски, италијански, естонски и романски) и испратете ни ги вашите идеи за подобрување на contact@enlarge-project.eu.

Две години по завршувањето на проектот, во септември 2018 година, ќе ја надградиме алатката со идеи за да ја направиме што е можно покорисена за сите засегнати страни кои што сакаат да се вклучат во еден фиктивен процес на соработка, пред да го направат тоа во реалниот живот.

Партиципативниот модел на управување ги прави нашите заедници подобри ... 

Корисни информации :
Дали сте подготвени за вашата дигитална авантура? Играјте со Алатката Gamebook сега !
Прочитајте повеќе за проектот ENLARGE на интернет страницата.
Следете не @ENLARGEproject - #ENLARGEproject на Твитер
Гледајте ги нашите видеа на YouTube

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x