Тема 3 : Култура и културно наследство

Тема Култура и културно наследство се провлекува низ поголемиот дел активности во рамки на соработката и го олеснува вмрежувањето и соработката помеѓу партнерите. Културните практики на локално ниво се интегрален дел од процесот на децентрализација и запознавањето на меѓусебните култури и традиции е многу важен процес за партнерите во соработката и исто така овозможува да се допре до пошироката јавност.

Размени на угостителски искуства помеѓу Дебар и Иф

Размени на угостителски искуства помеѓу Дебар и Иф
Posted: мар. 30, 2018

На 22 март 2018 година, делегација на угостители и претставници на општината Дебар го посетија Иф со цел да разменат искуства во областа на угостителството и гастрономијата.

Делегацијата од Дебар имаше можност да го посети угостителското средно училиште „Франсоа Рабле“ во Иф како и да размени искуства и практики со угостителите од Иф. За време на нивната посета, угостителите од Дебар извршија презентација на македонската традиционална кујна.

Оваа посета заврши со дискусии за потенцијална идна соработка во оваа област помеѓу Дебар и Иф.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x