Тема 4 : Млади

Младите заземаат многу значително место во сработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија. Тие се идните граѓани кои носат со себе голем потенцијал за развојот на општеството на двете територии.

Активностите на тема Млади се одвиваат уште од самиот почеток на соработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија особено во прилог на поттикнување на ангажманот на младите во јавната сфера и јакнењето на нивните капацитети за да можат понатаму да придонесат во животот на нивните заедници.

Tемата Млади ги опфаќа следните две главни Активности: 

1. ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА МЛАДИНСКИТЕ РАБОТНИЦИ И ФРАНКОФОНСКИ РАЗМЕНИ 
Асоцијацијата СЕГА во соработка со „Maison pour tous Léo Lagrange“ заеднички работат на оваа активност која подразбира обуки за младински работници, содавање и јакнење на партнерства и споделување и промоција на стекнатата експертиза преку работилници, локални активности и јакнење на капацитети на структурите кои работат со млади во Нормандија и Северна Македонија.

2. МЛАДИТЕ И ЛОКАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА: ОПШТИНСКИТЕ СОВЕТИ НА МЛАДИ ОД ИФ И ДЕБАР
Иф и Дебар работат на вклучување на младите луѓе во локалниот живот преку Општинскиот совет на млади. Партнерите организираат подготвителни активности, студиски посети за соработка помеѓу Советите и заедничка работа на теми кои се релевантни за локалното население на двете територии.

Младинска размена во Шербур

Младинска размена во Шербур
Posted: јул. 19, 2019
Categories: Млади

Во периодот од 10 до 17 јули 2019 година во Шербург, Франција се одржа меѓународна средба на млади од Германија, Франција и Северна Македонија.

На размената учествуваа триесетина млади учесници на возраст од 14 до 18 години. Преку разновидната програма младите имаа можност да разменат искуство, да дебатираат, да се запознаат меѓусебно и да ги надминат културните разлики. Беа организирани работилници на тема европско граѓанство и човекови права.

Оваа активност е организирана во рамките на европскиот проект C.O.D.E aBc, во партнерство со француско - германската канцеларија за млади ОФАЖ и програмата за соработка помеѓу Нормандија и Македонија.

Наредните два настани предвидено е да се одржат крај на јули 2019 година во Ерфурт во Германија, и наредното лето во Македонија.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x