Тема 4 : Млади

Младите заземаат многу значително место во сработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија. Тие се идните граѓани кои носат со себе голем потенцијал за развојот на општеството на двете територии.

Активностите на тема Млади се одвиваат уште од самиот почеток на соработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија особено во прилог на поттикнување на ангажманот на младите во јавната сфера и јакнењето на нивните капацитети за да можат понатаму да придонесат во животот на нивните заедници.

Tемата Млади ги опфаќа следните две главни Активности: 

1. ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА МЛАДИНСКИТЕ РАБОТНИЦИ И ФРАНКОФОНСКИ РАЗМЕНИ 
Асоцијацијата СЕГА во соработка со „Maison pour tous Léo Lagrange“ заеднички работат на оваа активност која подразбира обуки за младински работници, содавање и јакнење на партнерства и споделување и промоција на стекнатата експертиза преку работилници, локални активности и јакнење на капацитети на структурите кои работат со млади во Нормандија и Северна Македонија.

2. МЛАДИТЕ И ЛОКАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА: ОПШТИНСКИТЕ СОВЕТИ НА МЛАДИ ОД ИФ И ДЕБАР
Иф и Дебар работат на вклучување на младите луѓе во локалниот живот преку Општинскиот совет на млади. Партнерите организираат подготвителни активности, студиски посети за соработка помеѓу Советите и заедничка работа на теми кои се релевантни за локалното население на двете територии.

Одржана обуката „Прв чекор да станеш младински работник“

Одржана обуката „Прв чекор да станеш младински работник“
Posted: фев. 20, 2020
Categories: Млади

Коалицијата на младински организации СЕГА во соработка со француската организацијата Maison Pour Tous Leo Lagrange организираа обука за младински работници во Струга од 9 до 12 фебруари 2020 година. 

На обуката учествуваа околу 15 претставници на младински организации. Целта на оваа обука беше младинските работници да се стекнат со знаења и вештини да спроведуваат комплетен почетен модул за идни младински работници, претставници од организации кои работат со млади. На обуката се користеа различни методи како: игри на улоги, работа во мали групи, студии на случај и презентации преку кои учесниците ќе се стекнат со вештини и различни техники за практикување стекнатото знаење.

Обуката генерално придонесе кон подобрување на пристапот на граѓанските организации во полето на младинската работа како и зајакнување на капацитетите на самите вработени за работа со млади како дел од нивната секојдневна работа. 

Активноста беше спроведена во рамки на децентрализираната соработка помеѓу партнерите од Нормандија и Северна Македонија.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x