Тема 4 : Млади

Младите заземаат многу значително место во сработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија. Тие се идните граѓани кои носат со себе голем потенцијал за развојот на општеството на двете територии.

Активностите на тема Млади се одвиваат уште од самиот почеток на соработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија особено во прилог на поттикнување на ангажманот на младите во јавната сфера и јакнењето на нивните капацитети за да можат понатаму да придонесат во животот на нивните заедници.

Tемата Млади ги опфаќа следните две главни Активности: 

1. ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА МЛАДИНСКИТЕ РАБОТНИЦИ И ФРАНКОФОНСКИ РАЗМЕНИ 
Асоцијацијата СЕГА во соработка со „Maison pour tous Léo Lagrange“ заеднички работат на оваа активност која подразбира обуки за младински работници, содавање и јакнење на партнерства и споделување и промоција на стекнатата експертиза преку работилници, локални активности и јакнење на капацитети на структурите кои работат со млади во Нормандија и Северна Македонија.

2. МЛАДИТЕ И ЛОКАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА: ОПШТИНСКИТЕ СОВЕТИ НА МЛАДИ ОД ИФ И ДЕБАР
Иф и Дебар работат на вклучување на младите луѓе во локалниот живот преку Општинскиот совет на млади. Партнерите организираат подготвителни активности, студиски посети за соработка помеѓу Советите и заедничка работа на теми кои се релевантни за локалното население на двете територии.

Повик за апликанти за Freedom Prize за млади од 15-25 години

Повик за апликанти за Freedom Prize за млади од 15-25 години
Posted: ноем. 1, 2019

Freedom Prize ги поканува младите луѓе на возраст од 15 до 25 години од Франција и од целиот свет да номинираат инспиративна личност или организација посветена на борба за универзална слободата. 

Оваа едукативна иницијатива наменета за млади луѓе од 15 до 25 години содржи 3 фази:
1 - Повик за предлози „Нашата Freedom Prize за 2020“ - До 17 јануари 2020 година

  • Пријавување на избрана личност или организација која се залага за борба за универзална слобода.
  • Право на учество во група од најмалку 2 лица. Формулар за преземање на prixliberte.normandie.fr
  • Патувања и покани на церемонијата за доделување на наградите на најдобрите апликации.

2 - Меѓународна комисија за оценување - 14 и 15 февруари 2020 година

  • Избор на тројца финалисти за Freedom Prize
  • Комисијата е составена од 24 млади луѓе на возраст од 15 до 25 години, од различни земји и со различни профили. Комисијата ќе се состане во Нормандија.
  • За да учествувате преземете го и пополнете го образецот и испратете го најдоцна до 17 ноември 2019 година.  Формулар за преземање на prixliberte.normandie.fr

3 - Гласање преку Интернет - Од 9 март до 12 април 2020 година

  • Избор на победник на наградата „Feedom Prize 2020“.
  • Платформата за гласање prixliberte.normandie.fr во периодот од 9 март до 12 април 2020 година
  • На лауреатот ќе му биде доделена наградата Freedom Prize 2020 на 3 јуни 2020 година во Каен (Нормандија, Франција). Наградата изнесува 25.000 € кои ќе бидат наменети за поддршка на нивната борба.

Freedom prize 2019 мобилизираше скоро 850 млади со 113 предлози од 14 различни земји. Во периодот на гласање учествуваа повеќе од 4000 гласачи од 64 различни националности. Младата шведска активистка Грета Тунберг е прогласена за прв лауреат од меѓународната младина во 2019 година.

Freedom Prize е едукативна иницијатива организирана од Регионот Нормандија, спроведена со Меѓународниот институт за човекови права и мир, во партнерство со академските власти на Нормандија и мрежата Канопе и западна Франција.
 

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x