Тема 4 : Млади

Младите заземаат многу значително место во сработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија. Тие се идните граѓани кои носат со себе голем потенцијал за развојот на општеството на двете територии.

Активностите на тема Млади се одвиваат уште од самиот почеток на соработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија особено во прилог на поттикнување на ангажманот на младите во јавната сфера и јакнењето на нивните капацитети за да можат понатаму да придонесат во животот на нивните заедници.

Tемата Млади ги опфаќа следните две главни Активности: 

1. ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА МЛАДИНСКИТЕ РАБОТНИЦИ И ФРАНКОФОНСКИ РАЗМЕНИ 
Асоцијацијата СЕГА во соработка со „Maison pour tous Léo Lagrange“ заеднички работат на оваа активност која подразбира обуки за младински работници, содавање и јакнење на партнерства и споделување и промоција на стекнатата експертиза преку работилници, локални активности и јакнење на капацитети на структурите кои работат со млади во Нормандија и Северна Македонија.

2. МЛАДИТЕ И ЛОКАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА: ОПШТИНСКИТЕ СОВЕТИ НА МЛАДИ ОД ИФ И ДЕБАР
Иф и Дебар работат на вклучување на младите луѓе во локалниот живот преку Општинскиот совет на млади. Партнерите организираат подготвителни активности, студиски посети за соработка помеѓу Советите и заедничка работа на теми кои се релевантни за локалното население на двете територии.

Универзитет на мирот 2019: повик за учество!

Универзитет на мирот 2019: повик за учество!
Posted: апр. 2, 2019

Институтот за човекови права и мир во Каен, со поддршка на Регионот Нормандија и Универзитетот во Каен објавува јавен повик за учество на 19-то издание на Универзитет на мирот, кое ќе се одржи од 17 до 22 јуни 2019 година во Каен, Франција оваа година на тема: „Права на децата, основа за мир“.

Повикот е наменет за млади франкофони од целиот свет кои бараат можност да го усовршат своето знаење за човековите права но исто така и да бидат дел од едно уникатно меѓукултурно искуство. Младите ќе следат предавања под менторство на наставниот кадар составен од амбасадори, претставници на меѓународни организации, експерти и универзитетски професори.

Повикот е отворен до 22 април 2019 година. За да учествувате на овој повик е потребна партиципација од 75 евра со која се покриваат трошоците за престој и храна во времетраењето на Универзитетот. Трошоците за превоз до и од Каен треба да ги покрие учесникот.

 За да учествуваат во овој повик, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • да се на возраст од 20 до 28 години
  • да бидат франкофони
  • да имаат завршено минимум 2 години од универзитетски студии во следниве дисциплини: право, социјални науки, политички науки или историја.

Доколку сакате сакате да аплицирате потребно е да ги поднесете следните документи:

  • Формулар за пријавување (достапен подолу),
  • Кратка биогрфија,
  • Потврда за последната добиена диплома,
  • Фотографија во JPEG формат,
  • Копија од пасош.

Документите треба да се испратат на следниот мејл: universitedelapaix@2idhp.eu најдоцна до понеделник, 22 април 2019 година.

Повеќе информации за Универзитетот на мирот 2019 ОВДЕ.

Print
Tags:

Documents to download

Name:
Email:
Subject:
Message:
x