Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА

Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА е организација посветена на промоцијата на доброто владеење и граѓанското учество на локално ниво. АЛДА се фокусира особено на активностите кои ја олеснуваат соработката помеѓу локалните власти и граѓанското општество. АЛДА Скопје е подружница на АЛДА која спроведува активности во Северна Македонија, Западен Балкан и во Европа особено фокусирани на добро владеење, децентрализација, граѓанско учество и европска интеграција. АЛДА Скопје ја координира програмата за децентрализирана соработка помеѓу партнерите од Нормандија и Северна Македонија од 2006 година.

За повеќе информации посетете ја интернет страницата на АЛДА.