Празникот “Chandeleur” одбележан во основното училиште „Славко Лумбарковски“ во Новаци

Празникот “Chandeleur” одбележан во основното училиште „Славко Лумбарковски“ во Новаци
Posted: мар. 1, 2018

По повод францускиот празник “Chandeleur” – Фестивалот на светлината или Сретение Господово кој се празнува на почетокот на месец февруари, во основното училиште „Славко Лумбарковски“ во Новаци се одржа презентација на значењето на овој празник и дегустација на палачинки на 20 февруари 2018 година. Се смета дека во V век папата Геласиј Први го започнал Фестивалот на светлината како свечена парада со свеќи низ улиците на Рим и делејќи солени палачинки на сиромашните верници, токму затоа палачинките се симбол на овој празник.

„Оваа работилница е дел од проектот „Мир и сеќавање, култура и културно наследство за градење на европски дијалог“ кој општина Новаци го спроведува во партнерство во општината Коломбел. Ова е еден многу креативен начин преку игра, забава но и се разбира учење да се запознаат со културата, традицијата и празнувањето во Франција.“ рече Љубе Кузманоки, градоначалник на општина Новаци.

Во рамките на проектот „Мир и сеќавање, култура и културно наследство за градење на европски дијалог“  се реализираа неколку активности меѓу кои: истражување и презентација на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна, квиз прашања за децата за научените лекции за Македонскиот фронт, историска работилница за „Денот Д и Битката за Нормандија“ за време на Втората светска војна, а на почетокот на март ќе се организира работилница за Месецот на Франкофонијата.

Меѓународната соработка помеѓу Новаци и Коломбел ќе продолжи понатаму со многубројни активности во 2018 година.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Coopération décentralisée entre les acteurs de Normandie et Macédoine du Nord

La coopération décentralisée entre les acteurs de Normandie et Macédoine du Nord est mise en œuvre à travers plusieurs actions avec des thèmes divers tel la Mémoire, paix et réconciliation, la démocratie locale, la culture et le patrimoine pour la construction d’un dialogue européen, ainsi que la jeunesse et la participation citoyenne. Ces activités engagent des acteurs normands et macédoniens variés sur la base de partenariats multi-acteurs tels que : des collectivités territoriales, secteur civile, les établissements éducatifs, secteur privé, institutions nationales, experts, citoyens etc.

Bureau de la coopération – ALDA Skopje

Bureau de la coopération  à Skopje 
Adresse: Bld Partizanski Odredi 43B / 5
1000 Skopje, Macédoine du Nord
Téléphone : +389 (0)2 6091 060
E-mail : aldaskopje@aldaintranet.org
Facebook : normandie.macedoinedunord

Publication Normandie/Macédoine du Nord

ARCHIVE  INTERNET