Бидете дел од жирито на Наградата за слобода на Нормандија!

Бидете дел од жирито на Наградата за слобода на Нормандија!
Posted: септ. 7, 2021

Аплицирањето за меѓународното жири за Наградата за слобода 2022 година е официјално отворено!

Ако имате помеѓу 15 и 25 години, можете да се пријавите да бидете дел од меѓународното жири кое секоја година со гласање ги одредува трите лица или организации кои ќе се борат за наградата за слобода, а се бираат од предлози кои доаѓаат од целиот свет.
Кои се условите за аплицирање?

• Да сте на возраст меѓу 15 и 25 години во текот на двата дена на советување со жирито;
• Да се изразувате усно и писмено на француски или англиски јазик;
• да го пополните и испратите го формуларот за апликација најдоцна до 15 ноември 2021 година.

Жирито ќе се состои од 24 млади од целиот свет кои ќе се соберат неколку дена во Нормандија за да ги проучат кандидатурите на личностите или организациите поднесени преку повикот за предлози „Нашата награда за слобода 2022“. Активностите ќе ги води Меѓународниот институт за човекови права и мир - 2idhp каде што дискусиите, тимската работа и аргументите го бидат во преден план.

Секоја година, Наградата за слобода или Prix Liberté ги повикува младите да наградат лице или организација вклучена во борба во име на слободата.

Придружете се на оваа авантура на следниот линк.
 

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x