Тема 4 : Млади

Младите заземаат многу значително место во сработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија. Тие се идните граѓани кои носат со себе голем потенцијал за развојот на општеството на двете територии.

Активностите на тема Млади се одвиваат уште од самиот почеток на соработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија особено во прилог на поттикнување на ангажманот на младите во јавната сфера и јакнењето на нивните капацитети за да можат понатаму да придонесат во животот на нивните заедници.

Tемата Млади ги опфаќа следните две главни Активности: 

1. ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА МЛАДИНСКИТЕ РАБОТНИЦИ И ФРАНКОФОНСКИ РАЗМЕНИ 
Асоцијацијата СЕГА во соработка со „Maison pour tous Léo Lagrange“ заеднички работат на оваа активност која подразбира обуки за младински работници, содавање и јакнење на партнерства и споделување и промоција на стекнатата експертиза преку работилници, локални активности и јакнење на капацитети на структурите кои работат со млади во Нормандија и Северна Македонија.

2. МЛАДИТЕ И ЛОКАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА: ОПШТИНСКИТЕ СОВЕТИ НА МЛАДИ ОД ИФ И ДЕБАР
Иф и Дебар работат на вклучување на младите луѓе во локалниот живот преку Општинскиот совет на млади. Партнерите организираат подготвителни активности, студиски посети за соработка помеѓу Советите и заедничка работа на теми кои се релевантни за локалното население на двете територии.

EX-TRA обука во Нормандија

EX-TRA обука во Нормандија
Posted: дек. 16, 2021
Categories: Млади

Обуката EX-TRA (Expérience-Transfert) или пренос на искуства организирана од страна на Центарот за младинско информирање на Нормандија - CRIJ Normandie и финансирано од програмата Еразмус + се одржа од 4 до 12 декември 2021 година во Нормандија. 

24 младински работници и меѓународна екипа од 6 предавачи работеа на методите за неформално образование во меѓународен контекст. Младински работници од Северна Македонија, претставници на Коалицијата на младински организации СЕГА беа дел од обуката. 

Како дополнителна активност на обуката, на 8 декември 2021 година, младинските работници спроведоа работилници на подигање на свест за меѓународната мобилност во 7 различни структури со повеќе од 100 млади.

На 10 декември 2021 година, учесниците придонесоа кон организацијата на четвртата едиција на Европски средби на меѓународна мобилност која се одржа во Олне сир Итон, Нормандија со повеќе од 250 посетители (со почитување на здравствените протоколи). 

Организацијата La Maison Pour Tous Léo Lagrange од Шербур беше во можност да ја продолжи својата соработка со долгогодишниот партнер од соработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија, Коалиција СЕГА и имаше можност да развие соработка со организацијата ХОПС од Скопје. 

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x