Третото издание на обуката за перспективи “Без граници, повеќе перспективи”, се одржа во Шербур, од 30 ноември до 8 декември 2019 година во организација на Maison Pour Tous Leo Lagrange.
На обуката поддржана од програмата Еразмус +, учество земаа 31 младински работник од 10 европски земји: Франција, Германија, Англија, Бугарија, Шпанија, Северна Македонија, Норвешка и Романија.
Целта на обуката беше да се развијат капацитетите на младинските работници во спроведување и развивање на проекти за мобилност и интеркултурно разбирање. Настанот беше можност да се претстават нови популарни и интерактивни методи за неформално образование.
Обуката се спроведува какодел од програмата за децентрализирана соработка помеѓу Нормандија и Северна Македонија.