Децентрализирана соработка помеѓу Нормандија и Северна Македонија

Историјат

Соработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија започнува во 2006 година кога Регионалниот совет на Долна Нормандија започнува проект за децентрализирана соработката со Република Северна Македонија на тема децентрализација. Во 2007 година, партнерството се официјализира и започнува првата тригодишна програма за соработка поддржана од Министерството за надворешни работи на Франција кое овозможи соработка помеѓу регион и држава.

3 тригодишни програми за децентрализирана соработка беа спроведени со фокус на локалното владеење преку овозможување соработка помеѓу градоначалници, државни службеници и претставници на разновидни структури од Нормандија и Северна Македонија. Активностите се засноваа на размени на практики во прилог на децентрализација и поддршка во процесот на европската интеграција на Република Северна Македонија. Покрај својот иновативен карактер, оваа соработка беше долги години најголемата и најодржливата децентрализирана соработка на Франција со Балканот.

Во јануари 2016 година, Територијалната реформа во Франција доведе до голем борј промени меѓу кои и припојувањето на Регионите. Долна и Горна Нормандија се поврзаа во еден Регион – Нормандија. Регионот Нормандија ја промени својата меѓународна стратегија и одлучи да ја фокусира својата соработка со Република Северна Македонија на темата Сеќавање и помирување на Македонскиот фронт. Одлуката на Регионот Нормандија да се повлече како носител на програмата за децентрализирана соработка и да остане само како партнер се официјализираше во 2016 година. Од 2016 година носител на програмата за соработка е Градот Коломбел.

Децентрализирана соработка помеѓу партнерите од Нормандија и Северна Македонија

Годишната програма за децентрализирана соработка помеѓу партнерите од Нормандија и Северна Македонија предводена од страна на Коломбел и АЛДА ги продолжува своите активности на годишно ниво. Сите активности се спроведуваат во конзорциум на повеќепартнерска основа која вклучува: локални власти, граѓански сектор, образовни институции, приватен сектор, национални институции, експерти, граѓани итн.

Активностите се спроведуваат на две теми:

- Сеќавање и помирување: Активностите на оваа тема целат кон создавање на размени и научни истражувања како и да се подобри познавањето на локалното население за историјата на Македонскиот фронт, но исто така и да се поттикне дискусија за важноста на европското граѓанство преку неговата колективна историја и за подобар соживот во Европа.

- Млади: Активностите на оваа тема се во согласност со младинските политики на Регионот Нормандија и на Република Северна Македонија во насока на развој и поттикнување на младинското учество во процесите на донесување одлуки, зајакнување на капацитетите на младинските работници и структурите кои работат со млади како и во областа на неформално образование и подигнување на свест за почитување на правата на младите.

123movies