Меѓународен семинар „Археологијата и современите воени конфликти“ во Каен

Меѓународен семинар „Археологијата и современите воени конфликти“ во Каен
Posted: дек. 17, 2018

Меѓународниот семинар насловен „Археологијата и современите воени конфликти: методи, придобивки, предизвици“ ќе се одржи на 27 и 28 март 2019 година во Меморијалот во Каен, Франција. Целта на семинарот е преку интердисциплинарен пристап да ги претстави археолошките придобивки и предизвици кога се истражува и дискутира за современите воени конфликти, особено во индустриската ера, кои оставиле голем белег во Франција но и во останатиот свет.

Првата сесија на овој семинар се одржа во октомври 2018 година во Верден каде се дискутираше за истражувачките археолошки практики. 
Втората сесија која ќе се одвива во март во Каен е посветена на интердисциплинарна дискусија за придобивките од археологијата во другите научно-истражувачки практики, од Француската револуција до денес, на меѓународно ниво.

За повеле информации можете да ја погледнете Програмата на француски јазик подолу. 

Семинарот е организиран од Дирекцијата за култура на Регионот Нормандија, Дирекцијата за култура на Гран-Ест, Инрап и Универзитетот во Каен во партнерство со Регионот Нормандија, Областа Калвадос, Градот Каен и Групата за арехолошки истражувања на Котентен. 

Print
Tags:

Documents to download

Name:
Email:
Subject:
Message:
x