Општина Новаци во посета на Градината на Мирот во Коломбел

Општина Новаци во посета на Градината на Мирот во Коломбел
Posted: јун. 24, 2019

На 18 јуни 2019 година Градот Коломбел беше домаќин на делегации од Општина Новаци, Градот Стајнхајм од Германија и кантонот Корнака од Нигер за да ја прослави инаугурацијата на Градината на Мирот симбол на соработката помеѓу четирите заедници.

Делегацијата од општина Новаци беше предводена од градоначалникот г. Љубе Кузманоски како и ученици од основното училиште „Славко Лумбарковски“ кои за прв пат го посетија Коломбел.

На инаугурацијата на Градината на Мирот четворицата градоначалници положија свежо цвеќе пред споменикот на загинатите од Првата светска војна и свечено ја отворија Градината на Мирот  каде симболично  секој градоначалник  стави земја понесена од својата држава  врз дрво на мирот. 

Во Градината на Мирот  беа распоредени и рачно изработените предмети од страна на учениците од основното училиште каде заедно со своите врсници од Коломбел засадија цвеќиња.

Делегацијата од Општина Новаци ја посети фабриката за рециклирање на отпад Syvedac и оствари средба со одговорното лице со цел воспоставување на идна соработка и размена на искуства во оваа област како и на тема енергетска валоризација на отпад. Оваа тема е една од новите теми на соработка помеѓу Општината Новаци и Градот Коломбел.

Во текот на официјалната посета  Градоначалникот Кузманоски оствари средба и со амбасадорката на Република Северна Македонија во Париз г-ѓа Јадранка Чаушевска Димов потенцирајќи ја важноста од меѓусебната соработка меѓу двете општини во делот на меморијалниот туризам и градењето на мостови на пријателство  помеѓу нациите.

Соработката помеѓу Општина Новаци и Градот Коломбел трае повеќе од три години  и е во духот на развојот и унапредувањето на меморијалниот туризам од Првата и Втората светска војна како и промовирање на меѓукултурно разбирање и почит.

 

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x