Прва средба на партнери за активноста „Зајакнување на капацитетите на младинските работници“

Прва средба на партнери за активноста „Зајакнување на капацитетите на младинските работници“
Posted: дек. 6, 2018
Categories: Млади

Од 26 ноември до 1 декември 2018 година, во просториите на Коалиција на младински организации СЕГА во Прилеп и Младински информативен центар „ИНФО СЕГА“ Кавадарци се одржа средба помеѓу партнер организациите за успешно спроведување на активноста „Зајакнување на капацитетите на младинските работници“. 
Проектот ќе го спроведуваат 3 партнер организации од 3 држави: „Коалиција на младински организации СЕГА“ од Македонија, „Maison Pour Tous Leo Lagrange“ од Франција и „Landesjugendwerk der AWO Thüringen“ од Германија. 
За време на оваа 5 дневна работна средба, парнер организациите направија план за работа и беа дефинирани точни датуми за главните настани од проектот. Овој проект има за цел да се зајакнат капацитетите на младите преку обуки за младински работници. Исто така голем број на локални млади ќе бидат вклучени во младински размени како главни активности на проектот, кои ќе имаат за цел да ги отворат вратите на Европа за младите.
За време на посетата во Младинскиот информативен центар „ИНФО СЕГА“ Кавадарци, претставниците од партнер организациите се сретнаа и со локални млади, волонтери со кои разговараа за нивната општа состојба во Кавадарци и која е нивната мотивација да бидат активни граѓани и нивната вклученост во проектот. 

Активноста „Зајакнување на капацитетите на младинските работници“ е поддржана од страна на децентрализираната соработка помеѓу Нормандија и Македонија.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x