Регистрирајте се на Регионалниот форум „Сеќавање и меѓукултурен дијалог“

Регистрирајте се на Регионалниот форум „Сеќавање и меѓукултурен дијалог“
Posted: дек. 14, 2020

Не пропуштајте да се регистрирате на Регионалниот Форум „Сеќавање и меѓукултурен дијалог“ кој ќе се одржи на Зум платформата на 21 и 22 декември 2020 година.

Поблиската балканска историја е обележана со периоди на конфликти, војни и одлуки за прекројување на граници. Овие регионални настани истовремено ќе ги дефинираат политичките, економските и социјалните системи на земјите од Балканот. Наследството од блиското минато останува важно прашање што мора да се гледа од различни перспективи за да ги интензивираме нашите напори за заедничка иднина.

Прашањето како да се пристапи кон сеќавањето не треба да остане во историјата. Треба да се гледа од интердисциплинарна перспектива и да се промовира меѓукултурното разбирање и дијалог. Приказната треба да се претстави на начин што зема предвид разни искуства на различни нивоа и социјални групи.

На регионалниот форум ќе се дискутира за предизвиците и можноста за градење на заеднички наратив за балканскиот регион. Конференцијата ќе ги потенцира добрите практики во сеќавањето и меѓукултурниот дијалог, вклучително и сесии за размена на искуства за различни под-теми како што се млади, културен туризам, јазици, интеграција во ЕУ и лажни вести.

Форумот ќе обедини претставници на граѓански организации, како и културни и образовни институции кои работат на темата помирување и меѓукултурен дијалог.

Главната цел на овој настан е да се придонесе кон приближување на Европската унија до земјите од Западен Балкан преку регионална соработка, меѓукултурен дијалог и помирување.

 

Регистрирајте се  ТУКА!

Сесиите на Форумот се на англиски јазик.

Настанот е организиран од страна на Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА Скопје во соработка со Балканската мрежа за локална демократија, финанссиски подржан од Централно европската иницијатива, програмата Нормандија за мирот на Регионот Нормандија, Фондот за Западен Балкан и Европската комисија.

 

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x