Роберт Јанкулоски одликуван со францускиот орден витештво за неговата работа на делото на браќата Манаки

Роберт Јанкулоски одликуван со францускиот орден витештво за неговата работа на делото на браќата Манаки
Posted: ноем. 12, 2018

Роберт Јанкулоски, долгогодишен партнер во соработката помеѓу Нормандија и Македонија беше одликуван со орденот Витез во областа на уметност и книжевност. Одликувањето му беше врачено од страна на Н.Е. господин Кристијан Тимонје, Амбасадор на Франција во Македонија на 9 ноември 2018 година во Француската резиденција во Скопје.

Господин Јанкулоски беше одликуван со овој орден за неговата фотографска креација и истражувачка работа за браќата Манаки и нивната поврзаност со Франција за време на Првата светска војна и потоа.

За време на оваа убава церемонија Н.Е. амбасадорот Тимонје ја истакна важноста на работата и делото на господин Јанкулоски. Господин Јанкулоски ја искажа големата чест која што претставува ова одликување за него и неговото дело, како и неговата работа во иднина.

Господина Јанкулоски е директор на Маекдонскиот центар за фотографија и спроведе повеќе проекти во рамки на соработката помеѓу Нормандија и Македонија, меѓу кои изложба на фотографиите на браќата Манаки во Меморијалот во Каен и монографија на делото на браќата Манаки.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x