Соработката помеѓу Дебар и Иф продолжува

Соработката помеѓу Дебар и Иф продолжува
Posted: фев. 3, 2020
Во периодот од 28 до 32 јануари 2020 година претставници на градот Иф и угостителската гимназија беа во посета на Скопје и Дебар со кој одржуваат долгогодишна соработка.

За време на краткиот престој во Скопје се сретнаа со првиот секретар на француската амбасада во Скопје каде ги претставија идните планови за соработка со општина Дебар. Кратка средба беше организирана во канцеларијата на АЛДА во Скопје како координатор на програмата за соработка помеѓу Нормандија и Македонија.

Во Дебар беа организирани неколку средби во општината на кои се дискутираше за младинските размени кои треба да се остварат во 2020 година помеѓу средношколци од средните училишта во двете општини. Во подготовка се исто така проекти за размена преку ЕРАЗМУС + програмата.
Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x