Тема 1 : Сеќавање и помирување

 

Историјата за промоција на мир и создавање заедништво во Европа

Од 2013 година, соработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија работи на темата Сеќавање, мир и помирување на воените конфликти. Оваа тема стана дел од програмата за соработка поради заедничката историја која ја споделуваат двете територии. Француската армија била стационирана на Македонскиот фронт на територијата на сегашна Република Северна Македонија иако тој дел од историјата на Првата светска војна е мошне непознат во Франција како и во Северна Македонија. Македонскиот фронт е централната историска точка која ги поврзува двете земји. Спроведувајќи активности кои го обработуваат овој дел од заедничката историја овозможи да се зацврстат односите помеѓу Франција и Северна Македонија но, и отвори нови перспективи за соработка на темата сеќавање, мир и помирување. За оваа тема од особена важност се размените и дискусиите во областа на образованието кои придонесуваат да се создадат подобри и поодржливи односи помеѓу државите во Европа.

 

Меморијалниот туризам: важен за развојот на двете територии

Во Нормандија, во 2014 година се организираше комеморација од Истоварувањето на сојузничките сили на плажите во Нормандија, се започна исто така и постапка за прогласување на плажите на Истоварувањето како светско културно наследство од страна на УНЕСКО. По Втората светска војна, Нормандија работеше на тоа да развие експертиза во областа на Меморијалниот туризам, по што денес, регионот е меѓународно познат и препознаен по искуството и експертизата во оваа област. Во Северна Македонија, комеморациите на Стогодишнината од Првата светска војна како и постоењето на археолошки остатоци од Македонскиот фронт во јужниот дел од Република Северна Македонија овозможија да се отвори одново темата за историјата на овој конфликт.

Активностите на тема Сеќавање и помирување вклучуваат голем број разновидни партнери и се спроведува на локално ниво, тие имаат за цел да овозможат размени, научни истражувања и да го подобри познавањето за историјата на Македонскиот фронт во Франција и Република Северна Македонија. Oваа тема ќе овозможи и дискусии за европското граѓанство преку колективната историја за подобар соживот во Европа. 

Темата „ Сеќавање и помирување“ опфаќа голем број активности со разновидни партнери, вклучувајќи ги следните главни активности:

 

  1. НОРМАНДИЈА ЗА МИР: СЕЌАВАЊЕ НА ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА И МАКЕДОНСКИОТ ФРОНТ

Регионот Нормандија во соработка со партнерите од Северна Македонија ја продолжуваат четиригодишната соработка на оваа тема со програма која има за цел да ги продолжи активностите и размените спроведени во претходните години: научни конференции, истражувања и размени, вреднување на културното наследство, развој на меморијалниот туризам итн. 

  1. ПРВА СВЕТСКА ВОЈНА: СЕЌАВАЊЕ И ПОМИРУВАЊЕ

Соработката помеѓу Коломбел и Новаци продолжува со своите активности за промовирање на европското граѓанство преку сеќавање и помирување на тема Прва светска војна и Македонскиот фронт. Партнерите се стремат да ги доближат културите на двете земји до локалните заедници и особено до младите преку културни и комеморативни настани.

3. МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ЗА СЕЌАВАЊЕ И МИР

Соработката помеѓу средните училишта „Тома Паске“ од Кутанс и „Јосип Броз Тито“ од Битола се одвива преку размени и студиски посети на тема Сеќавање, мир и помирување како и мултидисциплинарни работилници за заедничката историја и култура која ја споделуваат двете земји особено на тема Прва и Втора светска војна. 

Нов проект посветен на Првата светска војна

Нов проект посветен на Првата светска војна
Posted: апр. 2, 2020
Comments: 0
Author: Alda

На 5 март 2020 година, првата меѓународна средба на проектот “The Rude Awakening”  помеѓу носителот на проектот, Fondazione Belvedere-Gschwent и сите други партнери во проектот: Comune di Lavarone, АЛДА, Percento, Mémoire pour la vie, Gornjesavski Muzej Jesenice, Danube Connect, Светот на невладини организации и Македонскиот центар за фотографија, беше организирана во дигитална форма. 

“The Rude Awakening - мултимедијално патување по стапките на секојдневниот живот на војниците од првите редови “, е европски проект чија цел е да се воведе технологијата како дел од искуствата во музејските посети, така што посетителите ќе се чувствуваат повеќе поврзани со историјата на Првата светска војна и културното наследство.

Меѓународната среба беше предвидена да се одржи во Скопје (Северна Македонија), меѓутоа поради појавата на коронавирусот, првата средба беше откажана од здравствени и безбедносни причини. Тоа беше повод да се користат дигиталните алатки што се во срцето на проектот. Партнерите беа во можност да ја претстават својата организација, нивните активности и нивните цели за спроведување на проектот. Тие се одлучија следната средба да биде лице в лице и да биде организирана наскоро да се навлезе подлабоко во дебатата и подобро да го оформат заедничло самиот проект: следната средба оттаму ќе се одржи во Виена за да разговара за дигиталната нарацијата на најавата за Виртуелна реалност (ВР) и видео-играта кои се меѓу главните планирани цели на проектот.

Овој проект е кофинансиран од програмата Медиуми на Европската унија, потпрограма на Креативна Европа. Меѓу 8-те проекти доделени од оваа програма, ова е единствен проект со седиште во Италија.

Проектот има за цел да промовира иновативни меѓусекторски пристапи за да се олесни пристапот и промоцијата на музеите и историските места околу прашањата на војната и мирот. Со поддршка на дигитални и аудиовизуелни содржини засновани врз приказните на војниците на Првата светска војна, проектот “The Rude Awakening” сака да претстави нова едукативна и емотивна перспектива за војната и мирот, при што посетителите ќе учат така што ќе директно ќе го искусат животот на војникот за време на посетата на музејот, со што ќе дојде до подобро разбирање на воените спомени и животот на војниците благодарение на самата технологија. Проектот особено има за цел да ја подигне свеста и интересот на помладите генерации (меѓу 13 и 20 години) на темата војна и мир. 

“The Rude Awakening” е резултат на долгогодишните партнерства склопени во рамките на Соработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија, кои продолжуваат да работат на темата на Првата светска војна со поддршка на европските програми.  

За повеќе информации за проектот и како да се приклучите во него, контактирајте го Уметничкиот директор, г-дин Ренцо Карбонера: progetti@fortebelvedere.org

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x