Тема 2 : Локална демократија

Активностите на оваа тема овозможија размени помеѓу партнерите од Северна Македонија и Нормандија за соработката помеѓу локалните власти и граѓанското општество како и помеѓу младите и општините со цел да се поддржи развојот на локалната демократија и активното граѓанство.

 

Активностите на тема Локална демократија опфатија многу различни активности за размена на искуства помеѓу партнерите од Нормандија и Северна Македонија за процесите на децентрализација и соработката помеѓу локалните власти и граѓанското општество.

Активностите на тема Локална демократија се одвиваа од мај 2017 до април 2018 година.

Стратешко планирање на младинските активности

Стратешко планирање на младинските активности
Posted: окт. 2, 2019

Во периодот од 16 до 20 септември 2019 година во Прилеп беше организирана средба за стратешко планирање помеѓу претставникот на организацијата Maison Pour Tous Leo Lagrange, г. Арно Серван од Нормандија и претставниците на Коалицијата на младински организации СЕГА.

Средбата имаше за цел да се зајакне неколку годишното партнерство помеѓу двете организации и да се направи планирање на акцискиот план за наредниот период од 2020 до 2021 година. 

Активноста беше спроведена во рамки на децентрализираната соработка помеѓу партнерите од Нормандија и Македонија.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x