Тема 3 : Култура и културно наследство

Тема Култура и културно наследство се провлекува низ поголемиот дел активности во рамки на соработката и го олеснува вмрежувањето и соработката помеѓу партнерите. Културните практики на локално ниво се интегрален дел од процесот на децентрализација и запознавањето на меѓусебните култури и традиции е многу важен процес за партнерите во соработката и исто така овозможува да се допре до пошироката јавност.

Средношколците од Битола во посета на Нормандија

Средношколците од Битола во посета на Нормандија

Од 14 до 18 октомври 2019 година, 30 ученици од гимназијата "Јосип Броз Тито" од Битола го посетија средното градежно училиште од „Томас Пескет“ во Кутанс, Нормандија.

Двете средни училишта започнаа заедничка соработка во 2016 година и до сега се реализирани неколку размени на ученици во Битола и во Нормандија. Проектот има за цел изучување на Македонскиот фронт преку различни активности за мир и помирување.  

Досега учениците изработија меморијална плоча која беше подарена на француските гробишта во Битола како спомен за примирјето од Втората светска војна и скулптура која е изложена во спомен музејот во Битола. 

Во фокусот на оваа посета беше истражувањето спроведено во архивите во Нормандија, каде беше откриено дека еден војник од Кутанс почива на гробиштата во Битола. Потоа следуваше презентација на неговата биографија и свечено положување цвеќе на спомен плочата.   

Овој проект е поддржан од страна на Националното здружение на ветерани и жртви на војната, Здружението на меморија за живот - Вир, програмата за децнтрализирана соработка помеѓу Нормандија и Македонија, Националното здружение на борци, регионот Нормандија, Стогодишната мисија 14-18, Националната федерација Андре Магинот и Дирекцијата за социјална поврзаност на Ла Манш.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x