Тема 4 : Млади

Младите заземаат многу значително место во сработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија. Тие се идните граѓани кои носат со себе голем потенцијал за развојот на општеството на двете територии.

Активностите на тема Млади се одвиваат уште од самиот почеток на соработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија особено во прилог на поттикнување на ангажманот на младите во јавната сфера и јакнењето на нивните капацитети за да можат понатаму да придонесат во животот на нивните заедници.

Tемата Млади ги опфаќа следните две главни Активности: 

1. ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА МЛАДИНСКИТЕ РАБОТНИЦИ И ФРАНКОФОНСКИ РАЗМЕНИ 
Асоцијацијата СЕГА во соработка со „Maison pour tous Léo Lagrange“ заеднички работат на оваа активност која подразбира обуки за младински работници, содавање и јакнење на партнерства и споделување и промоција на стекнатата експертиза преку работилници, локални активности и јакнење на капацитети на структурите кои работат со млади во Нормандија и Северна Македонија.

2. МЛАДИТЕ И ЛОКАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА: ОПШТИНСКИТЕ СОВЕТИ НА МЛАДИ ОД ИФ И ДЕБАР
Иф и Дебар работат на вклучување на младите луѓе во локалниот живот преку Општинскиот совет на млади. Партнерите организираат подготвителни активности, студиски посети за соработка помеѓу Советите и заедничка работа на теми кои се релевантни за локалното население на двете територии.

Обука за младински работници „Quality is YOUth Work“

Обука за младински работници „Quality is YOUth Work“
Posted: фев. 13, 2019
Categories: Млади

Обуката за младински работници „Quality is YOUth Work“ беше спроведена од страна на здружението „Maison pour tous Léo Lagrange“ од Шербур во соработка со Коалиција СЕГА во рамки на нивната заедничка активност „Зајакнување на капацитетите на младинските работници“.

Обуката се одвиваше од 6 до 9 февруари 2019 година во Струга со млади учесници од Битола, Прилеп, Штип и Кавадарци. Обуката беше предводена од двајца обучувачи од Нормандија и од Македонија преку интерактивни методи, дискусии, креативни работилници во согласност со САЛТО стандардите. Учесниците на обуката се запознаат со улогата и целите на младинските работници, спроведување проекти во областа на млади и практични практики за неформално образование.

Активноста беше спроведена во рамки на децентрализираната соработка помеѓу партнерите од Нормандија и Македонија. 
 

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x