Тема 4 : Млади

Младите заземаат многу значително место во сработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија. Тие се идните граѓани кои носат со себе голем потенцијал за развојот на општеството на двете територии.

Активностите на тема Млади се одвиваат уште од самиот почеток на соработката помеѓу Нормандија и Северна Македонија особено во прилог на поттикнување на ангажманот на младите во јавната сфера и јакнењето на нивните капацитети за да можат понатаму да придонесат во животот на нивните заедници.

Tемата Млади ги опфаќа следните две главни Активности: 

1. ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА МЛАДИНСКИТЕ РАБОТНИЦИ И ФРАНКОФОНСКИ РАЗМЕНИ 
Асоцијацијата СЕГА во соработка со „Maison pour tous Léo Lagrange“ заеднички работат на оваа активност која подразбира обуки за младински работници, содавање и јакнење на партнерства и споделување и промоција на стекнатата експертиза преку работилници, локални активности и јакнење на капацитети на структурите кои работат со млади во Нормандија и Северна Македонија.

2. МЛАДИТЕ И ЛОКАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА: ОПШТИНСКИТЕ СОВЕТИ НА МЛАДИ ОД ИФ И ДЕБАР
Иф и Дебар работат на вклучување на младите луѓе во локалниот живот преку Општинскиот совет на млади. Партнерите организираат подготвителни активности, студиски посети за соработка помеѓу Советите и заедничка работа на теми кои се релевантни за локалното население на двете територии.

Разбирајќи ја историјата заедно

Разбирајќи ја историјата заедно
Posted: дек. 31, 2019
Categories: Млади

На 21 и 22 декември 2019 година во Скопје се одржа работилница на тема: Разбирајќи ја историјата заедно. Работилницата беше наменета за средношколци и имаше за цел подигање на свеста и запознавање на историските наративи и традициите на другите етнички групи.

Во текот на два дена 20 средношколци од Скопје, Битола и Охрид преку рзлични активности заеднички работеа на разбирање на историските настани. Тие имаа можност да се запознаат со клучните фактори кои стојат зад развојот на етноцентричните историски случувања, и истовремено да се поттикне размислувањето за помирување. 

Активноста беше спроведена од страна на Центарот за истражување на национализмот и културата, а финансиски поддржан од програмата Нормандија за мир. 
 

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x