На 15 мај 2019 година во градот Иф беше прославена десегодишнината од воспоставената соработката помеѓу градовите Дебар и Иф. На прославата учествуваа градоначалникот на Иф г. Мишел Патар-Легандр, амбасадорката на Република Северна Македонија во Франција г-ѓа Јадранка Чаушевска Димов и директорката на канцеларијата на АЛДА во Скопје г-ѓа Ивана Петровска.
Манифестација се одвиваше во гимназијата Рабле во Иф и покрај официјалните говори беше организирана изложба на фотографии од активностите спроведени во овие години на соработка.
Посебно место беше одвоено за младите и споделување на нивните искуства. Три млади средношколци го претставуваа градот Дебар. Во текот на годините повеќе младински размени беа организирани. Во текот на оваа година ќе се организира стажирање на млади од гимназијата Рабле во туристичките капацитети во Дебар.
Церемонијата се заврши со дегустација на македонски специјалитети подготвени од младите ученици од гимназијата Рабле.