На 4 и 5 ноември 2020 година се одржа првата виртуелна средба во рамките на еврпскиот проект DAFLS (Developing Applied Foreign Language Skills) кој се спроведува во партнерство на Универзитетот од Каен, Нормандија, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, Универзитетот од Белград и АЛДА Скопје.
За време на видео презентациите учесниците имаа можност да се запознаат со целите и различните етапи на работа на проектот. Овој тригодишен проект има за цел да создаде нови студиски програми за применети странски јазици во областа на проектен менаџмент на локално и европско ниво.
Идејата за проектот беше иницирана во рамките на децентрализирана соработка помеѓу регионот Нормандија и Северна Македонија, со првата официјална посета во 2015 година од страна на делегација на Универзитетот од Каен во Скопје.
Проектот е финансиски поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија за образование, обука, млади и спорт во Европа.