Freedom Prize ги поканува младите луѓе на возраст од 15 до 25 години од Франција и од целиот свет да номинираат инспиративна личност или организација посветена на борба за универзална слободата.
Оваа едукативна иницијатива наменета за млади луѓе од 15 до 25 години содржи 3 фази:
1 - Повик за предлози „Нашата Freedom Prize за 2020“ - До 17 јануари 2020 година
- Пријавување на избрана личност или организација која се залага за борба за универзална слобода.
- Право на учество во група од најмалку 2 лица. Формулар за преземање на prixliberte.normandie.fr
- Патувања и покани на церемонијата за доделување на наградите на најдобрите апликации.
2 - Меѓународна комисија за оценување - 14 и 15 февруари 2020 година
- Избор на тројца финалисти за Freedom Prize
- Комисијата е составена од 24 млади луѓе на возраст од 15 до 25 години, од различни земји и со различни профили. Комисијата ќе се состане во Нормандија.
- За да учествувате преземете го и пополнете го образецот и испратете го најдоцна до 17 ноември 2019 година. Формулар за преземање на prixliberte.normandie.fr
3 - Гласање преку Интернет - Од 9 март до 12 април 2020 година
- Избор на победник на наградата „Feedom Prize 2020“.
- Платформата за гласање prixliberte.normandie.fr во периодот од 9 март до 12 април 2020 година
- На лауреатот ќе му биде доделена наградата Freedom Prize 2020 на 3 јуни 2020 година во Каен (Нормандија, Франција). Наградата изнесува 25.000 € кои ќе бидат наменети за поддршка на нивната борба.
Freedom prize 2019 мобилизираше скоро 850 млади со 113 предлози од 14 различни земји. Во периодот на гласање учествуваа повеќе од 4000 гласачи од 64 различни националности. Младата шведска активистка Грета Тунберг е прогласена за прв лауреат од меѓународната младина во 2019 година.
Freedom Prize е едукативна иницијатива организирана од Регионот Нормандија, спроведена со Меѓународниот институт за човекови права и мир, во партнерство со академските власти на Нормандија и мрежата Канопе и западна Франција.