Публикација за соработката помеѓу Нормандија и Македонија!

Публикација за соработката помеѓу Нормандија и Македонија!
Posted: апр. 3, 2018

Публикацијата насловена „Децентрализирана соработка помеѓу Нормандија и Македонија“ која ги опфаќа сите активности кои се одвиваа во рамки на соработката помеѓу Нормандија и Македонија од 2006 до 2016 година е издадена!

Во оваа публикација се претставени практиките и размените на експертиза, како и меѓусебните активности на партнерите од Нормандија и Македонија ангажирани во рамки на оваа соработка.

Од 2006 година во рамки на Соработката Нормандија – Македонија беа спроведени 3 тригодишни програми за децентрализирана соработка со фокус на локалното владеење овозможувајќи соработка помеѓу градоначалници, државни службеници и претставници на разновидни структури од Нормандија и Македонија. Покрај својот иновативен карактер, оваа соработка беше долги години најголемата и најодржливата децентрализирана соработка на Франција со Балканот. Од 2016 година соработката помеѓу партнерите од Нормандија ја предводи Градот Коломбел, додека пак АЛДА ја има улогата на координатор.

Публикација „Децентрализирана соработка помеѓу Нормандија и Македонија“ можете да ја преземете на линкот подолу.

Оваа публикација е поддржана во рамки на соработката помеѓу Нормандија и Македонија.

Print
Tags:

Documents to download

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

bflix