Француски јазик, танц, театар, спорт и фенери

Француски јазик, танц, театар, спорт и фенери
Posted: авг. 30, 2022
Categories: Млади

Од 20 до 28 август 2022 година, 12 ученици од Средното Училиште „Орце Николов“ придружувани од 2 професорки, беа дел од франкофонската размена „Réenchantons la vi(ll)e“  која се одржа во Футог, населба во Нови Сад, Србија.

Младите франкофони имаа можност да бидат дел од богатата програма која се состоеше од работилници за танц, театар, спорт и изработка на фенери од хартија. Последниот ден од размената беше посветен на дружба со граѓаните на Нови сад, за време на која учесниците на размената беа изработувани фенерите од хартија. Програмата беше заокружена со јавен настап на младите и прошетка со фенерите низ градот.

Оваа размена финансирана од страна на Еразмус плус програмата,  обедини 59 учесници од 4 организации, домаќините Жил Верн- Центар за мултикултурна соработка, Србија, Европската асоцијација за локална демократија- АЛДА Скопје, Северна Македонија, Miroir Vagabond,Белгија и Club pour l' UNESCO Jean LAURAIN, Мец, Франција.

На кратките репортажи на Рариотелевизија Војводина достапни подолу можете да ја осетите атмосферата на оваа размена. 

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

bflix