Тема 3 : Култура и културно наследство

Тема Култура и културно наследство се провлекува низ поголемиот дел активности во рамки на соработката и го олеснува вмрежувањето и соработката помеѓу партнерите. Културните практики на локално ниво се интегрален дел од процесот на децентрализација и запознавањето на меѓусебните култури и традиции е многу важен процес за партнерите во соработката и исто така овозможува да се допре до пошироката јавност.

Заклучоци од регионалниот форум „Сеќавање и меѓукултурен дијалог“

Заклучоци од регионалниот форум „Сеќавање и меѓукултурен дијалог“
Posted: фев. 11, 2021

Подружница на Асоцијација на агенции за локална демократија (АЛДА Скопје) ја заврши 2020 година со еден важен настан : Регионален Форум „Сеќавање и меѓукултурен дијалог“ што се одржа на Зум платформата на 21 и 22 декември. 

Настанот беше успешно завршен благодарение на неговите аспекти/карактеристики : ефикасни панелисти, богата содржина и меѓународна димензија. Пренесувањето на настанот во живо на фејсбук придонесе за зголемена публика. За време на ваквото споделување на знаења, беа опфатени различни теми од страна на модераторите и панелистите со фокус на Балканскиот регион во врска со неговото минато, сегашност и иднина. Други важни теми беа : ЕУ интеграција, локален развој, човекови права, мир и помирување, имиграција, меѓукултурен дијалог, културно наследство, лингвистичка разновидност, дезинформации, итн.

Беше посветено внимание и на глобалната пандемија и нејзините последици. АЛДА отсекогаш била чинител за локален, национален и меѓународен развој. И покрај глобалната пандемија, се прават напори за помирување на Балканот и неговиот развој. Комбинацијата на историја и иднина го направи настанот да биде уште толку поинтересен низ различните гледни точки : граѓанско учество, демократија и човековите права би можеле да бидат најмоќното оружје за иднината. 

Говорниците ја истакнаа важноста на дијалогот како алатка за надминување на какви било разлики. Доколку се користи, регионалната соработка ќе зајакне и културното прифаќање ќе се обликува и унапредува. Интеграцијата во ЕУ е само последниот чекор за целосно регионално интегрирање и потребни се многу иницијативи за унапредување со цел да се даде пример за сите земји и региони во кои доминира културната поделба и не прифаќањето. Балканот е исто така многу загрижен околу прашањето за миграциите. Фактот дека некои земји од регионот се избрани од „луѓето во движење“како преодна точка, покрена многу сомнежи за кредибилитетот на властите и институциите. Како резултат на тоа, се отежна дијалогот, но ситуацијата сега е олеснета со иницијативи за раскажување приказни.

Погледнете ги нашите заклучоци на англиски и француски јазик.

Настанот е финансиски поддржан од Централно-европската иницијатива (ЦЕИ), Програмата Нормандија за мир во регионот Нормандија, Фондот за Западен Балкан и Комисијата на ЕУ.
 

Print
Tags:

Documents to download

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

bflix