Анимирано видео: Мир, сеќавање и помирување

Анимирано видео: Мир, сеќавање и помирување
Posted: апр. 27, 2022

Најдобриот пат да се постигне мир е преку помирување. Создавање на дијалог и соработка се важни чекори од тој процес, но најважниот е сеќавањето. 

Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА создаде видео едноставно насловено Мир, сеќавање и помирување со цел да го промовира мирот и да ја подигне свеста за важноста на сеќавањето во процесот на помирување. Овие три концепти кои се испреплетени и зависат еден од друг за да го излечат овој свет зафатен од војна.

Мирот, сеќавањето и помирувањето се главниот фокус на работата на АЛДА во Северна Македонија, особено при спроведување на програмата Нормандија за мир. Со различни видови активности за подигање на свеста, настани, истражувања и пред се со активно партнерство помеѓу чинителите од Нормандија и Северна Македонија, програмата Нормандија за мир носи промени на двете територии од нејзиното создавање.

Видеото е создадено во рамките на проектот „Истражување на Градењето мир низ историјата“ финансиран од регионот Нормандија преку програмата Нормандија за мир.
 

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x