Историја, уметност, колективна меморија и помирување : Годишна научна конференција во Битола

Историја, уметност, колективна меморија и помирување : Годишна научна конференција во Битола
Posted: ноем. 11, 2021

Секоја година, Францускиот институт од Скопје и Француска Алијанса Битола организираат конференција околу одбележувањето на годишнина од Првата светска војна. Овој настан ќе се одржи во Битола, град полн со историја,  кој претрпел тешки последици од Првата светска војна, каде што се наоѓа споменикот на Француските гробишта.

Овогодинешниот настан наречен „ Историја, уметност, колективна меморија и помирување “, ќе се одржи на 11 и 12 ноември 2021 година, во библиотеката на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола. Конференцијата може да се проследи и онлајн, преку платформата Зум.

Пред отворањето, на 11 ноември,  четврток, во киното „Браќа Манаки“ во Битола ќе биде прикажан филмот „Сеќавање“ на македонскиот режисер Роберт Јанкулоски. Овој документарен филм го следи животот на германско-швајцарскиот лекар Родолф Арчибалд Реис на линијата на фронтот во Македонија.

На 12 ноември, петок, конференцијата ќе биде отворена со говор на Н.Е. францускиот амбасадор Сирил Баумгартнер и на Н.Е германската амбасадорка Анке Холштајн. Потоа ќе следат презентации од страна на различни соработници: новинари, универзитетски професори, истражувачи, писатели и филмски работници.

Двата дела од конференцијата наречени „Фронтот во Македонија, колективна меморија и извор на инспирација“ и „Колективна меморија и помирување“ имаат за цел да ја подигнат свеста за потребата и должноста за сеќавање на ова војна и нејзините последици. Преку различни гледишта, соработниците ќе се осврнат на Првата светска војна и нејзините реперкусии врз регионот.

Конференцијата ќе ја повика јавноста да размисли како да се раскажува историјата и должноста за сеќавањето во литературата и кинематографијата. Таа има за цел да овозможи подобро разбирање за поимот помирување и за тоа како помирувањето може да се реализира во една земја, но и на регионално ниво.

За да се прослави затварањето на овој настан, во петок навечер ќе биде прикажан вториот филм на Роберт Јанкулоски „Манаки: историја во слики“.

Оваа комеморација цели кон отворање за поважен дијалог за Балканот и местото кое му е дадено во историјата, без губење на европската перспектива.

Оваа конференција се организира со поддршка регионот Нормандија преку својата програма „Нормандија за мир“ во партнерство со Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА), Универзитетот Свети Климент од Битола. 
 

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x