На 11 и 12 ноември 2021 година, беше организираше петтиот годишен Битолски научен собир по повод стогодишнината од Првата светска војна насловен „Историја, уметност, колективна меморија и помирување“. Овој настан е резултат на соработката помеѓу Универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола (каде што се одржа собирот), Француската амбасада и Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА.
Целта на овој собир беше е да обедини различни експерти и истражувачи и со нивна помош да се создаде платформа за дискусија за минатите настани и да ги промовира вредностите што произлегле од нив.
Собирот започна на 11 ноември, во вечерните часови, со прикажување на филмот „Сеќавање“ на македонскиот режисер Роберт Јанкулоски, кој ја следи приказната на Германско-Швајцарскиот лекар од Фронтот во Северна Македонија. Потоа на 12 ноември следеше отворање со говори на Германскиот амбасадор Анте Холштајн и Францускиот амбасадор Сирил Баумгартнер како и на директорката на АЛДА Скопје - Катица Јанева. Преку нивните кратки интервенции, тие се потсетија и ја нагласија важноста на должноста на колективната меморијата и нејзиното пренесување, но и на потребата од одржување на вакви настани за промовирање на регионалните соработки и Европските вредности.
Првиот панел на научниот собир со наслов „Фронтот во Северна Македонија, меморија и извор на инспирација“ се фокусираше на различни проекти што се случуваа во Северна Македонија и регионот. Стефани Трујар, репортерка од Франс 24, ја запозна публиката со Француските гробишта во Битола преку нејзиното патување каде што нашла далечен роднина, и на тој начин зборува за „непрекинатата врска помеѓу земјите и семејствата“.
Потоа следеше презентација на Александра Колаковиќ, професорка на Универзитетот во Белград, за будењето на колективната меморијата и како се користат елементите од минатото во Србија каде што „културата на сеќавањето беше прекината и нарушена, но никогаш заборавена“.
Преку отсликување на важноста на регионалните соработки, Иљо Трајковски, наставник во гимназија во Битола и Ерик Алар, поранешен археолог, а сега професор во гимназија во Каен, ги презентираа резултатите од нивната работа со своите ученици. Тие спровеле 12 експедиции во околината на Битола и создадале видео игра наречена „Rude awakening“, за животите на војниците за време на фронтот во Македонија за време на Првата светска војна. Роберт Јанкулоски, професор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности „Еуропа Прима“ во Скопје, ги претстави своите фотографии за артефактите од Големата војна кои останале во Северна Македонија.
Првиот панел заврши со презентација на Далибор Јовановски, професор по историја на Филозофскиот факултет во Скопје, и Себастиен Ботрео-Бонетер, меѓународен технички експерт и правник. Тие се осврнаа на современите прашања на Балканот, како што се пристапувањето на Северна Македонија во Европската унија и постконфликтните политики.
Во попладневните часови, вториот панел „Колективна меморија и помирување“ повика на размислување за сложеноста на процесот на помирување меѓу државите и народите. Оливие Гез, писател и добитник на наградата Ренодо во 2017 година, ја претстави својата книга „Исчезнувањето на Јозеф Менгеле“, поранешен Нацистички криминалец кој побегнал во Аргентина.
Конечно, различните прашања за проширувањето на Европската унија со останатите Балкански земји и сложеноста на овој процес на интеграција беа разгледани од деканот и продеканот на Правниот факултет при Универзитетот „Свети Климент Охридски“. » во Битола, Горан Илиќ и Елена Тилевска Кечеги. Ова обраќање беше надополнето со интервенцијата на Гијом Жавуре од Универзитетот во Лорен.
Подоцна вечерта, собирот заврши со прикажување на уште една продукција на Роберт Јанкулоски, документарниот филм „Манаки: приказна во слики“.
Овој настан е организиран од страна на Францускиот институт во Скопје во соработката помеѓу Универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола, Француската амбасада и Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА и финансиран од страна на програмата „Нормандија за мир“ на регионот Нормандија.