Истражување: Дали и како вашата општина ги поддржува граѓанските организации?

Истражување: Дали и како вашата општина ги поддржува граѓанските организации?
Posted: ноем. 27, 2019

На кој начин општините ги поддржуваат граѓанските организации? Дали соработката помеѓу локалната самоуправа и граѓанскиот сектор е подобрена? Кои општини јавно објавиле повик за проекти? Публикацијата “Истражување на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти” ги содржи одговорите на овие прашања и многу повеќе. 

Истражувањето, спроведено од страна на Здружението на финанскиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР), има за цел да прикаже корисни и применливи препораки за транспарентност за финансиска и нефинансиска поддршка од локалните власти до граѓанските организации.

Оваа публикација ги содржи најчестите практики на поддршка на локалните власти кон граѓанските организации, како и транспарентноста на финансиската поддршка и усогласеноста на приоритети со потребите на граѓаните.

За потребите на истражувањето, вклучени беа 43 општини преку онлајн прашалник од 8 статистички региони; беа спроведени 30 интервјуа со претставници на општини и граѓански организации и беше спроведена анализа на практиките на различните општини и беа идентификувани сличностите и разликите меѓу општините. 

Публикацијата издадена на македонски, англиски и албански можете да ја пронајдете на следната врска.

Истражувањето беше спроведено во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“. Проектот е имплементиран од Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) - Скопје, Здружението на финанскиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Европското движење на Република Северна Македонија и е финансирано до Европската унуја.
 

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

bflix