Нови предизвици за соработката помеѓу Коломбел и Новаци

Нови предизвици за соработката помеѓу Коломбел и Новаци

Во периодот од 27 до 31 март 2019 година делегација предводена од градоначалникот на општина Коломбел, г. Марк Потје беше во официјална посета на општина Новаци. 

Почнувајќи од 2015 година, двете општини соработуваат во рамките на програмата за децентрализирана соработка помеѓу Нормандија и Северна Македонија. Во текот на изминатите години се спроведоа многубројни активности на тема историја и сеќавање на Првата светска војна и Македонскиот фронт како и на тема млади , култура и културно наследство, одржлив развој и локална демократија.

За време на прославата на 23 годишното постоење и функционирање на општина Новаци и свечената седница на советот на општината одржана на 29 март 2019 година, градоначалниците на двете општини, г. Марк Потје и г. Љубе Кузманоски потпишаа Меморандум за соработка и разбирање. Соработката помеѓу двете општини за прв пат беше официјализирана на 11 ноември 2016 година.

Двајцата градоначалници го потврдија нивниот ангажман и најавија дека активностите продолжуваат со иста динанамика и на различни теми кои се од важност за двете општини и нивно отворање кон светот. 

За време на настанот општина Коломбел и Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА добија благодарница за успешно партнерство и соработка.

АЛДА е координатор на програмата за децентрализирана соработка помеѓу чинители од регионот Нормандија и Северна Македонија.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x