Нормандија и Северна Македонија, пример за успешно партнерство на Денот на граѓанските организации одржан во Скопје

Нормандија и Северна Македонија, пример за успешно партнерство на Денот на граѓанските организации одржан во Скопје
Posted: септ. 18, 2019

Во корист на создавање поволна средина за граѓанскиот сектор и интерактивно катче за граѓаните да можат да се сретнат со граѓанските организации, Цивика Мобилитас и Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС) организираа по втор пат, Ден на Граѓанските организации во Скопје, на 14 Септември 2019 година, во паркот Ибни Пајко и на плоштадот Скендербег.

Околу 1000 граѓани имаа можност да ги посетат штандовите на повеќе од 80 Граѓански организации, кои ги презентираа нивните активности во различни области како младинските политики, локална демократија, едукација и тренинг, закон на правото итн. Посетителите исто така учествуваа во различни работилници, игри, активности за застапување и предавања.

На штандот на АЛДА Скопје, граѓаните можеа да да се запознаат со програмата за Децентрализирана соработка помеѓу Нормаднија и Северна Македонија. Различните активности и теми на програмата, почнувајќи од Првата светска војна, размената на младите до меѓу-општинската соработка, го зголемија интересот на заедницата и ги инспирираа граѓаните да се вклучат во локалните активности во нивната заедница. Учесниците на настанот беа изненадени од начинот на кој долготрајната соработка помеѓу Нормандија и Северна Македонија која ги обликуваше вклучените заедници и посакаа програмата да продолжи со својата важна работа.

Овој настан беше одличен повод да се промовира Децентрализираната соработка помеѓу Нормандија и Северна Македонија и да се започнат некои нови идеи за локални активности.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x