Општинските совети на млади на Иф и Дебар на студиска посета во Париз

Општинските совети на млади на Иф и Дебар на студиска посета во Париз
Posted: мар. 22, 2018

Во рамки на активностите помеѓу Иф и Дебар беше организирана студиска посета во Париз на младите претставници од Општинските совети на млади на Иф и Дебар од 6 до 10 март 2018 година. Активностите во оваа соработка се на тема млади и граѓанство и ги вклучуваат младите кои се активни во Општинските совети на млади на Иф и Дебар.

Оваа студиска посета беше организирана со цел младите од Иф и Дебар да се запознаат и разменат искуства во врска со функционирањето на Општинските совети на млади. Учесниците разговараа на разни теми и активности кои би можеле да го подобрат животот во нивните заедници со цел да оформат идеја за заеднички проект. Младите претставници се согласија дека од заеднички интерес би било да направат компаративна етида на сличностите и разликите во работата и животот во нивните заедници преку изложба на фотографии или видео-репортажа. За инспирација, младите го посетија музејот „Jeu de Paume“ во Париз каде имаа можност да видат неколку изложби на фотографии.

Студиската посета заврши со заеднички договор за соработка и проект на тема европското граѓанство за младите – искуствата на два  Општински совети на млади.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x