Повик за апликанти за Freedom Prize: “Нашиот кандидат, неговата борба за слобода“

Повик за апликанти за Freedom Prize: “Нашиот кандидат, неговата борба за слобода“
Posted: дек. 3, 2018

Во јуни 2018 година, регионот Нормандија претстави нов образовен метод посветен на промоција на мир, слобода и човекови права на меѓународно ниво. Тоа е наградата насловена: Freedom Prize.

Наградата Freedom Prize оддава почит на сите кои се бореле и продолжуваат да се борат за идеалот на универзална слобода. Оваа награда е создадена од страна на Регионот Нормандија во соработка со академските кадри во Нормандија, мрежата „Canopé Normandie“ и Меѓународниот институт за човекови права и мир. Наградата им дава можност на сите млади луѓе ширум светот секоја година да предложат една личност или асоцијација, посветена на борбата за слобода.

Повикот за апликанти “Нашиот кандидат, неговата борба за слобода“ претставува можност за групи млади луѓе, под менторство на возрасно лице да ја презентираат работата на јавна личност или организација и нивната неодамнешна борба за слобода.

Апликантите треба да пополнат формулар со добро осмислена истражувачка работа и документарно истражување, се со цел учесниците да ја аргументираат избраната борба на нивниот кандидат и нејзиниот контекст. Овој повик за апликации е исто така можност да се промовираат борби за слобода, кои имаат мала медиумска покриеност.

Младите учесници исто така можат да изберат да направат кратки видео презентации за да го претстават својот кандидат како и да создадат креативно уметничко творештво на темата слобода. Изработените материјали ќе може да се искористат за промоција за кандидатите кои се финалисти на кампањата за дигитално гласање, на церемонијата за доделување на награди како и на социјалните мрежи. Групите кои што ќе ги испратат најрелевантните и најтемелните апликации за Наградата за борците за мир и слобода ќе бидат поканети на церемонијата на доделување на наградите во јуни 2019 година, во Каен, Нормандија, на која ќе присуствува победникот.

За повеќе информации за повикот за апликации “Нашиот кандидат, неговата борба за слобода“ можете да го погледнете ОВА ВИДЕО на англиски јазик.

АПЛИЦИРАЊЕ НА ПОВИКОТ “НАШИОТ КАНДИДАТ, НЕГОВАТА БОРБА ЗА СЛОБОДА“

Секоја група млади луѓе на возраст од 15 до 25 години под менторство на возрасно лице, може да учествува во оваа акција. Групите можат да учествуваат како дел од програмата за образование, високо образование, обука, преку добротворна организација или пак по сопствена иницијатива. Апликацијата може да биде поднесена од страна на неколку институции, како дел од меѓународна соработка или било кое друго партнерство. На повикот може да се аплицира на француски или англиски јазик.

Повикот за поднесување кандидатура на индивидуални личности или асоцијации е отворен до 15 јануари 2019 година. За како да аплицирате на повикот посетете ја интернет страницата на Регионот Нормандија “Нашиот кандидат, неговата борба за слобода“ или Фејсбук страницата на Freedom Prize.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x