Ученици од Битола на студиска посета во Кутанс

Ученици од Битола на студиска посета во Кутанс
Posted: окт. 24, 2018

Соработката помеѓу средните училишта од Битола и Кутанс продолжува, овој пат со посета на учениците од Битола во Кутанс.

30 ученици и 4 професори од средното училиште „Јосип Броз Тито“ од Битола беа во студиска посета на средното училште „Тома Песке“ во Кутанс од 8 до 12 октомври 2018 година.

Размените помеѓу учениците од Франција и Македонија се одвиваа преку мултидисциплинарен пристап и опфаќаа различни области: францускиот јазик и кутлура, уметност и архитектура, но и специјалностите на средното училиште од Кутанс како што се гравирање, обработка на дрво, обработка на камен, ѕидање и слично. Богата програма беше подготвена од страна на домаќините со посети на терен на инсториски значајни локации и знаменитости за посетителите подобро да се запознаат со историјата и културно наследство на Кутанс и Нормандија.

Средношколците имаа исто така можност да разменат мислења и да дискутираат за заедничката историја и култура која ја споделуваат двете земји особено на тема Прва и Втора светска војна.

За крај учениците и професорите од двете средни училишта се сретнаа за да направат преглед на спроведените активности како и идните размени кои ќе се одвиваат во Битола за време на комеморативните настани за Стогодишнината од крајот на Првата светска војна на 11 ноември 2018 година.

Размената помеѓу средните училиштата „Јосип Броз Тито“ од Битола и „Тома Песке“ од Кутанс се спроведе во рамки на програмата за Соработка помеѓу Нормандија и Македонија.

Print
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x